Драма пред српскиот парламент: Пензиониран потполковник се закануваше дека ќе се самоубие
14.11.2014 15:13
По инетрвенција на полицијата, Министерот за одбрана изјави дека се работи за незадоволен човек на кој не му било исполнето ветување од 2006-та дека ќе му биде зголемена пензијата...

Драма пред српскиот Парламент. Пензиониран потполковник на српската војска се закануваше дека ќе се самоубие. По инетрвенција на полицијата, Министерот за одбрана изјави дека се работи за незадоволен човек на кој не му било исполнето ветување од 2006-та дека ќе му биде зголемена пензијата.
Тогашната власт им ветила 10 отсто, но парите не им ги исплатила. По тужбите од војниците некои го добиле покачувањето некои не. Министерот за одбрана вети дека ќе разговара за изнаоѓање на решение.
