Јункер под контрола на Европратениците
Скандалот кој избувна на 5 ноември, откако Меѓународниот конзорциум на новинари ја објави анализата на 28000 страници доверливи документи, кој покажа дека 300 компании транзитираа стотици милијарди долари преку Луксмебург за да го избегнат плаќањето на даноци, доведе до барање за оставка на новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер, но барем засега тоа е исклучено.

Претседателот на Европската комисија се појави пред европратениците, пред тие официјално да го побараат тоа за да ја даде својата верзија за оваа, иако шокантна, сепак дозволена активност на мултинационалните компании.
„Законот за даноци секогаш беше почитуван, немаше никави незаконски практики за кои знам. Но веројатно имаше, имам впечаток, одреден број на даночно избегнување во Луксембург како и во другите земји. Овие даночни одреби постојат како што знаете во 22 земји-членки на ЕУ “, изјави Жан-Клод Јункер.
Според Јункер ова се должи на нехармонизација на даночните политики во ЕУ. Иако тој има обврска да биде воздржан околу истрагата која се води во Комисијата за Луксмебург, пред европратениците тој истакна дека Комисијата ќе направи сé што може за нивнотото усогласување.
„Но за да можам да го направа тоа, имам потреба од вашата доверба, без вашата доверба ништо не е можно“, рече Жан-Клод Јункер.
Одговорот на Јункер не ги задоволи сите европратеници, посебно не радикалната левица која подготвува резолуција за гласање на доверба на Комисијата, но притоа не ги сака потписите на крајната десница.
Европратениците барем тие од големата владеачка коалиција, нема да дозволат криза на почетокот на мандатот на Комисијата. Но преку Ги Верхостад, лидерот на либералите тие бараат забрзување на истрагата.
„Моето барање е да вие побарате од Г-ѓата Вестагер да ја заврши истрагата пред крајот на годината“, рече Ги Верхостад.
Прашањето е само да се знае, дали Европската комисија и Парламент ќе успеат да воспостават нов систем со кој ќе му се стави карј на даночните раеви во ЕУ.
Тони Гламчевски
