Мандатите на отсутните пратеници пред Комисија за мандатни прашања

17.11.2014 15:17

Следниот потег е на првиот човек на Комисијата за мандатни прашања, кој во рок од 15 дена треба да ја закаже седницата, на којашто ќе треба да се заземе став, дали на пратениците што имаат повеќе од 6 месеци неоправдано отсуство ќе им бидат одземени мандататите...

Генералниот секретар на Собранието, на координативната средба ја достави листата за  редовноста на пратениците. Ова е единствената информација од денешната средба со спикерот Вељаноски.

Следниот потег е на првиот човек на Комисијата за мандатни прашања, кој во рок од 15 дена треба да ја закаже седницата, на којашто ќе треба да се заземе став, дали на пратениците што имаат повеќе од 6 месеци неоправдано отсуство ќе им бидат одземени  мандататите.

Доколку има согласност за вакво решение, првиот парламентарец, на првата наредна  седница предлогот треба да го стави на дневен ред, а за одземањето на мандатите потребно е да се обезбедат 82 гласа.

Констатирањето на оставките е втората можна разрешнца на актуелната политичка клима. Седницата со оваа точка на дневен ред е прекината и засега без најави за ново  продолжение.

Официјална информација за тоа каква разрешница може да се очекува нема.

 

Виолета Димовска