За година и половина Хонда ќе вози на водород
18.11.2014 13:06
Јапонскиот автогигант го претстави прототипот кој вози на батерија што генерира струја преку реакција на водород и кислород...

Нова Хонда на водород ќе се најде на улиците за околу година и половина.
Јапонскиот автогигант го претстави прототипот кој вози на батерија што генерира струја преку реакција на водород и кислород. Ова не е прв автомобил на водород, но е пософистициран од претходните.
Научниците од Хонда очекуваат еколошките возила да ги заменат тие на фосилни горива до 2030 година.
