Фетел во Ферари, Бјанки надвор од кома!

20.11.2014 17:25

Жил Бјанки веќе не е во вештачка кома и неговите витални функции работат самостојно. Здравствената состојба на фарнускиот возач на Марусија е се уште сериозна, но ова е прва позитивна информација по инцидентот на патеката Сузука во Јапонија на 5-ти септември.

Од 2008-ма Ферари нема титула во конкуренција на конструктори, од 2007-ма нејзин возач не бил шампион, славниот формула 1 тим не е меѓу најдобрите ниту оваа сезона, па нешто мораше да се менува.

Тоа што се знаеше и претходно, од денеска е и официјално четирикратниот шампион, Себастијан Фетел во следните три години ќе го вози црвениот болид. Презадоволен што крилјата на Ред Бул ќе ги замени со „црното коњче“, Германецот изјави дека му се исполнил сонот. Наредната сезона, Фетел ќе вози во тандем со Финецот Кими Раиконен, додека од Ферари, најверојатно во Мекларен, ќе си замине Фернандо Алонсо.

Никој од овие тројца не е во конкуренција за трофејот, но можат индиректно да влијаат во трката меѓу пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг. На последната трка во Абу Даби в недела, Британецот ќе влезе со 17 бода повеќе од Германецот и во ситуација кога завршното гран - при носи двојни поени, доволно му е и второто место за повторување на шампионската 2008-ма. Преносите од Абу Даби ќе бидат на МРТ1 во 14 часот, в сабота од квалификациите и в недела од 19-та трка во сезоната.

Како вовед во неа, добрата вест е дека Жил Бјанки веќе не е во вештачка кома и дека неговите витални функции работат самостојно. Здравствената состојба на фарнускиот возач на Марусија е се уште сериозна, но ова е прва позитивна информација по инцидентот на патеката Сузука во Јапонија на 5-ти септември.