ВМРО-ДПМНЕ: Поглаварот на ИВЗ го навреди целиот македонски народ

21.11.2014 15:09

Владејачката партија изјавата во која Реџепи Македонците-муслимани ги нарече „Македонци ин витро“, ја смета за изјава во која се сее верска и национална омраза. Ова е навреда за целиоит македонски народ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Сулејман Реџепи поради непромислената изјава со која ги навреди чувствата на Македонците со исламска вероисповед.

Владејачката партија изјавата во која Реџепи Македонците-муслимани ги нарече „Македонци ин витро“, ја смета за изјава во која се сее верска и национална омраза. Ова е навреда за целиоит македонски народ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција пристигна и од Комисијата за односи со верските заедници потенцирајќи дека Македонците-муслимани се едни од  најголемите заштитници на македонскиот јазик и дека со изјавата Реизот длабоко и сурови ги нападнал нивните национални чувства.