Хонда работи само во гаража

26.11.2014 15:40

По одличниот настап на последната трка Валтери Ботас со болидот на Вилијамс имаше најдобро време на првиот ден од тестот, но неочекувани беа проблемите со кои се соочи тимот на Мекларен кој во новата сезона ќе користи агрегат на Хонда...

По завршувањето на сезоната Ф1 тимовите останаа на патеката Јас Марина во Абу Даби на првите тестирања за следниот шампионат. По одличниот настап на последната трка Валтери Ботас со болидот на Вилијамс имаше најдобро време на првиот ден од тестот, но неочекувани беа проблемите со кои се соочи тимот на Мекларен кој во новата сезона ќе користи агрегат на Хонда. Враќањето на реномираниот произвидител на мотори во Ф1 шампионатот мина наславно откако во двата дена моторот едноставно не сакал да работи надвор од гаражата.

Според директорот на екипата Ерик Булие се било во ред, на 15 минути пред тестот моторот запалил, но потоа се појавиле проблеми кои за механичарите сеуште се енигма. И по комплетното расклопување и одделната контрола на секоја единица се било во ред, но по повторното склопување проблемите останале исти. Останува за увид во перфомансите на новиот В6 на Хонда да се почека до тестот во Херез.