Полицијата ги обучува младите колку е опасна пиротехниката
Одделението за превенција традиционално ја спроведува кампањата со која укажува на штетните последици од користење на пиротехничките средства: од година во година иако бројот на жртви е се помал сепак последиците остауваат...

Можеби е рано, но одделението за превенција при МВР веќе испрати честитка за нова година.
Во период на петарди и друга пиротехника со симулационата вежба ги подучи најмладите за последиците од нивната употреба.
„На сите им препорачувам да не пукаат петарди бидејќи Црвениот крст изврши со којашто се видоа последиците ако ни пукне петарда во рака што би се случило.“
„Да не користат петарди туку само да се веселат и да бидат заштитени.“
„Може да сотанеме без рака, може да настанат големи повреди“, велат анкетираните ученици.
А младите примерот го земаат токму од постарите. За одлична веселба, петардите не се нужна сценографија, велат во МВР.
„Едно е децата што ги користат меѓутоа многу е битно родителите да не им го овозможуваат користењето и особено не самите да покажат како тие се употребуваат, затоа што последиците коишто можат да настапат се страшни, како што видовме од показната вежба“, рече Билјана Милевска, началник во МВР.
Покрај овие превентивни активности, ќе се зајакне и борбата со уличните продавачи.
Одделението за превенција традиционално ја спроведува кампањата со која укажува на штетните последици од користење на пиротехничките средства: од година во година иако бројот на жртви е се помал сепак последиците остауваат.
Кампањата ќе продолжи и наредниот период што повеќе деца да се запознаат со опасностите што ги носат придружните елементи на секоја новогодишна прослава.
Лука Андреев
