Внатрешните политички случувања во Македонија на дневен ред на Мешовитиот парламентарен комитет
Со комиетот претседаваат Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и словенечкиот европратеник Алојз Петрле, претседател на Делегацијата на ЕП за Македонија, на дневниот ред внатрешните политички случувања во Македонија, но и евроинтегративните текови на нашата земја.

По подолга пауза двете делагации повторно се состанаа во Стразбур, но овој пат во нов состав поради изборите во Македонија и ЕУ. Попладнево и вечерва се заборува за актуелната политичка ситуација во државава по одржаните предвремени избори во 2014-та, а за утрешниот ден се предвидени теми кои се дел од обврските на Македонија на патот кон ЕУ.
Непосредно пред состанокот за МРТ копретседателот на комитетот, Алојз Петрле изјави.
„Јас очекувам по оваа прва средба да дојде до промени во Македонија и дека позицијата и опозицијата ќе соработуваат и на веропски план, бидејќи ние сакаме овој Комитет да работи во полн состав“, рече Петрле.
На состанокот свое обраќање има и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, кој денеска имаше повеќе билатеранлни средби со европратеници.
Заменик претседателот на македонската влада притоа имаше и средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.
„Главно беше темата европската интеграција на Македонија, нашите заложби во однос на реформската агенда како и значењето Македонија да почне во наредна фаза на преговори за членство во ЕУ. Советот на Европа со генреланиот секретар разговаравме за нашата соработка, укажав благодарност на поддршката на Советот на Европа во однос на соработката со Венециската комисија како и во однос на генералната соработка што ги даваат експертите од Советот на Европа во разни области, за теми кои се однесуваат на нашата европска агенда, односно независно и неселективно судство, слобода на изразување и фундаментални човекови права, односно демократиските вредности во кои Македонија претендира да биде рамноправна со членките на ЕУ. Тоа што го слушнав во текот на денешниот ден при средбите во Стразбур, во Европскиот парламент и во Совето на Европа се укажувањата за политичкиот дијалог и водењето на овој дијалог во рамките на Собраниетот, исто така за добрите меѓуетнички односи и фокус за брзо наоѓање на отвроени прашања со соседите“, рече Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.
Поради отсуството на претсваниците на македонската опзоиција на соатанокот, Мешовитиот паралменатерен комитет утре ќе заврши без усвојување на зањедничка препорака, двата копретседавчи ќе излезат со посебни изјави за содржината на разговорите кои ги водеа овие два дена во Стразбур.
Тони Гламчевски
