Спасов: Надлежните ги презеле сите мерки за случајот во Злетово

27.11.2014 12:51

Со новиот Закон за семејно насилство, кој стапува во сила од 1-ви јануари 2015, како што нагласи тој, се предвидуваат значително построги мерки за сторителите на семејно насилство...

Во Злетово вчера беа погребани убиените, но и убиецот кој сам си пресуди. Жителите се уште не можат да се соземат. Почнаа и анализите дали сите надлежни институции дејствувале според законските овластувања, меѓу нив и социјалните служби.

Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, проверките кои ги направи Социјалната инспекција и Заводот за социјални дејности покажале дека Центарот за социјални работи ги презел сите мерки и надлежности коишто ги имал согласно законот во случајот во Злетово.

Со новиот Закон за семејно насилство, кој стапува во сила од 1-ви јануари 2015, како што нагласи тој, се предвидуваат значително построги мерки за сторителите на семејно насилство. Законот предвидува најстроги санкции за одземање на оружјето со кое располага сторителот на семејно насилство.

И со измените во делот на располагање и со оружје и со Новиот закон за смејно насилство треба да се овозможи значително поголема заштита на жртвите, потенцираше Спасов.