Кулиќ: Извештајот за загинувањето на претседателот Трајковски испратен во Македонија

28.11.2014 09:03

Шефот на истражниот тим, Омер Кулиќ изјави дека следната седмица ги очекува коментарите и најавува, во средината на декември извештајот да биде претставен пред јавноста во Босна и Хецеговина...

До властите во Македонија е испратен извештајот за падот на кингерот, во кој во 2004-та во Босна и Хецеговина загина претседателот Трајковски, потврди Омер Кулиќ, шефот на истражниот тим за испитување на причините од авионската несреќа.
 
Следната седмица ги очекува коментарите и најавува, во средината на декември извештајот да биде претставен пред јавноста во Босна и Хецеговина.
 
Пред босанските медиуми посочил дека тимот во целост ја утврдил причината за падот на авионот.
 
„Сите актери во тој настан се опфатени, но не смеам да кажам кој е одговорен. Тоа ќе им го кажеме на нашиот и на македонскиот обвинител“, појаснил Кулиќ.