Осум години затвор за Топаловски

28.11.2014 11:49

До правосилност на пресудата Топаловски останува во притвор. Семејствата на убиените бараат отштета од 750 илјади евра за нанесена душевна болка...

Осум години затвор за Ѓорги Топаловски кој во 2007-та во близина на зоолошката градина изврши двојно убиство. До правосилност на пресудата останува во притвор.

Топаловски не ја слушна пресудата. На последното рочиште побарал да не биде спроведен од затворот Скопје. Тоа не беше пречка судот да ја изрече пресудата. Виновен е за две убиства на миг за кои поединечно е осуден на четири и пол години затвор или со судска одлука на единствена казна од осум години робија.

До правосилност на пресудата Топаловски останува во притвор. Семејствата на убиените бараат отштета од 750 илјади евра за нанесена душевна болка. Дали покрај затворската казна, ќе треба и парично ја надомести штетата ќе решава граѓанскиот суд.

Психијатриското вештачење покажа дека Топаловски убиството го сторил во афект откако претходно бил малтретиран и тепан од жртвите. Според обвинението, на двајцата што ги застрелал им должел 10.000 евра, пари кои му ги дале под лихва.

Убиството се случи на улицата Илинденска во 2007- та. Исплашен и во паника посегнал по пиштолот, ги застрелал Новица Благоевиќ и Андреј Филип ги прегазил со автомобилот и побегнал. Потоа со лажен литвански пасош побегнал во Доминиканската република, од каде беше екстрадиран во април годинава.

 

Анита Димитријевска