Започна изградбата на театарот во Тетово

28.11.2014 17:30

Тетовскиот театар, кој до сега беше сместен во просториите на Центарот за култура, ќе добие свој објект. Со поставување камен темелник започна неговата изградба. Чини околу 13 милиони евра кои ги обезбеди Министерството за култура. Се очекува да биде завршен за три години.

Во Тетово беше поставен камен темелник на новиот објект на Тетовскиот театар. Изградбата ја финансира Министерството за култура.

Тетовскиот театар, кој до сега беше сместен во просториите на Центарот за култура, ќе добие свој објект. Со поставување камен темелник започна неговата изградба. Чини околу 13 милиони евра кои ги обезбеди Министерството за култура. Се очекува да биде завршен за три години.

„Верувам дека ќе ги исполнува сите потреби од тетар и библиотека во Тетово и тетовско, и веројато ќе има подобри услови за секој читател во библиотеката“, рече Хаки Фазлиу, директор на Центар за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово.

Од ресорното министерство велат дека Тетово ќе добие современа градба која ќе ги исполнува сите потреби следејќи ги светските трендови.

„Ова уште еднаш ги покажува нашите недвосмислени напори како Министерство за култура да градиме нови објекти, особено објекти во тие населени места во градовите кои за тоа имаат потреба“ рече Бехиџудин Шехапи, државен секретар во Министерство за култура.

Поставувањето камен темелник за новиот тетар помина во знакот на денот на албанското знаме. Градските улици се накитени со знамиња на Република Албанија, а објектот на Центарот за култура Иљо Антески Смок беше прекриен со огромно албанско знаме.

Зоран Јованоски