Македонија учествува на Конференција на комисиите за европски прашања во Рим
01.12.2014 12:10
На Конференцијата за улогата на италијанското претседателство со ЕУ обраќање ќе има Матео Рензи, претседател на Италијанскиот совет на министри...

Заменик претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Нора Алити учествува на Конференција на комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ- КОСАК, што во рамките на италијанското претседателство со ЕУ ќе се одржи од денеска до 3 декември во Рим, Италија.
На Конференцијата за улогата на италијанското претседателство со ЕУ обраќање ќе има Матео Рензи, претседател на Италијанскиот совет на министри, а ќе стане збор и за улогата на европските институции – пет години по
Лисабонскиот договор, како и за „Стратегијата Европа 2020: раст, вработување и конкурентност“.
Предвиденo е да се одржи и расправа за евроинтеграциските перспективи на тема „Глобалната улога на ЕУ и проекцијата на нејзините политики во Медитеранот и Источна Европа“.
