Бизнисменот Чифлиганец- добитник на наградата Индивидуален филантроп за 2013-та година
01.12.2014 13:14
Вели дека наградата е сатисфакција и вистинска потврда за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку неговата компанија...

Наградата за Индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија, што традиционално ја доделува Центарот за институционален развој ја доби бизнисменот Ванчо Чифлиганец.
Вели дека наградата е сатисфакција и вистинска потврда за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку неговата компанија.
Најавува и формирање фондација преку која ќе им помага на младите луѓе од сиромашните средини.
