Кристоф Валц доби ѕвезда на Булеварот на славните

02.12.2014 12:39

Режисерот, Квентин Трантино кој му даде улога во „Проклетници“ за кој го доби првиот Оскар за споредна улога, прв му честита и го нарече за негов „омилен Австриец“...

Двојниот оскаровец, Кристоф Валц доби ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните.
 
Режисерот, Квентин Трантино кој му даде улога во „Проклетници“ за кој го доби првиот Оскар за споредна улога, прв му честита и го нарече за негов „омилен Австриец“.
 
Тој е извонреден актер кој работата ја изавршува без многу врева, рече Тарантино.
 
Валц го отфрли коментарот на Тарантино дека поради тоа што е театарски актер не ја цени доволно ѕвездата која ја доби во Холивуд.
 
Моето срце не само што е малку гордо, туку пука. Јас, како момче од Виена, за ова не ни сонував, рече тој.
 
Трантино, кој Валц го избра и за улогата во „Одмаздата на Џанго“ за која доби уште еден Оскар, рече дека австрискиот актер не е како другите холивудски „тексаши“.