Дебармаалска традиција

01.01.2014 14:36

Дебармалции го заиграа традиционалното новогодишно оро . Со чашка греена ракија  и  богата трпеза  пред култната кафеана Идадија  го прославија почетокот на Новата година .  На оро прв се фати кумот. Со благослов од стариот ќе ја продолжи долгогодишната традиција . И постарите, но и помладите генерации дебармалции дадоа ветување дека ќе ја негуваат повеќедецениската прослава во едно од најпознатите скопски маала .  

Дебармалции ја скршија погачата, па си посакаа здравје, среќа и бериќет во Новата година . По традиционалното оро  се вратија во Идадија  каде што покажаа дека  мамурлакот од новогодишната ноќ нема да ги спречи и натаму да прославуваат.

Викторија Тодоровска