Македонија и Виетнам ќе ја интензивираат соработката

02.12.2014 14:37

Претседателот Иванов информира дека на денешната средба со Ти Зоан се договориле во наредниот период со заемен ангажман да се надомести пропуштеното, да се интензивира политичкиот дијалог...

Македонија и Виетнам се пријателски држави со дипломатски односи, што се базираат на пријателство и доверба. По тет а тет средбата, со ваков став, шефот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателот на Виетнам, Ти Зоан, посочија, на соработката треба да и се даде конкретна содржина.

Претседателот Иванов информира дека на денешната средба со Ти Зоан се договориле во наредниот период со заемен ангажман да се надомести пропуштеното, да се интензивира политичкиот дијалог и да почне да се гради правната рамка со што, како што истакна, на соработката меѓу двете земји ќе и се даде конкретна содржина.

Додаде дека покрај другото, потврда за пријателските односи е фактот што Виетнам го користи уставното име на Република Македонија и на билатерален и на меѓународен план.

Со претседателот Иванов разменивме информации за состојбите во двете земји, ги оценивме билатералните односи во изминатиот период, разговаравме за меѓународните и регионални прашања кои се од заемен интерес. Веруваме дека во блиска иднина традиционално добрите пријателски односи меѓу Виетнам и Македонија позитивно ќе се развиваат во многу области и на сите нивоа, изјави заменик оретседателот на Виетнам Ти Зоан.