Попоски во Брисел: Дозволете Македонија да ги почне преговорите

02.12.2014 15:15

Сметам дека пораката е прилично јасна, треба да ги искористиме следните 5 години за реформи кои ќе ги доведат државите од Западен Балкан во Европската унија, рече македонскиот шеф на дипломатијата...

Шефот на дипломатијата Никола Попоски, пред европратениците побара Европскиот парламент да ги прифати шесте последователни препораки на Европската комисија за почеток на преговорите за челнство на Македонија во Унијата, за да се врати кредибилитетот на процесот на проширување.

„Првата реалност е дека пристапувањето не е многу популарно во овие денови, а втората реалност е дека тоа е мировен проект и е во интерес на Европската  унија. Сметам дека пораката е прилично јасна, треба да ги искористиме следните 5 години за реформи кои ќе ги доведат државите од Западен Балкан во Европската унија. Тоа ќе биде проект во кој иднината е многу поважна од историјата. Владењето на правото и кредибилитетот на процесот е на прво место“, нагласи министерот Попоски.