Земјоделствo по реони од идната година

03.12.2014 10:41

Идната година ќе се знае кои површини се погодни за одредени земјоделски култури. Врз основа на таканаречените почвени карти, регионални планови за производство ќе ги изготвуваат и државата и земјоделците...

Единствено во регионов Македонија нема релевантни податоци за почвата. Садењето на земјоделските култури често е по желба или потребите на пазарот, а не според видот на земјиштето.

Со изработката на почвената мапа, од идната година ќе се планира видот и обемот на земјоделското производство, површините за одредени култури, ризикот од суша и  плановите за рурален развој.

Се размислува и субвенциите да се поврзуваат со почвените и климатските карактеристики за окрупнување на земјоделството, преку реонизација на производството.


Методија Трајков