Привршува ИПАРД програмата за годинава
ИПАРД програмата за аплицирање на земјоделските стопанства е отворена до 10-ти декември. Земјоделците кои во дејноста ќе вложат и свои средства, според оваа програма можат да си повратат и 50 проценти, секако, доколку успешно ја имлементираат...
Целта на ИПАРД програмата е преструктуирање и надградба на земјоделските стопанства и земјоделско прехрамбениот сектор со цел достигнување на стандардите на Европската Унија. Од оваа програма 75 проценти се од инструментот за пред пристапна помош на ЕУ, додека 25 проценти се обезбедени од буџетот на Република Македонија.
„Земјоделците и другите заинтересирани лица затоа што оваа ИПАРД програма покрај мерки во земјоделието опфаќа и во други не земјоделски активности, да се запознаат и со постапката и начинот на кој што можат да поднесат барање да аплицираат, пред се тие треба да се пронајдат во која од тие мерки можат да направат инвестиција“, вели советничката во Агенцијата за поттикнување во развојот на земјоделство, Слаѓана Калајџиеска Бебекоска.
Земјоделците во струшко сакаат да ги искористат овие средства и со внимание ги слушнаа препораките и насоките за оваа можност.
„Тука ги користиме тие можности со ИПАРД програмите, еве денес имаме таква програма да ни објаснат и преку Министерството за земјоделие да искористиме некои средства, било за механизација било за земјоделие“, вели земјоделецот Наумче од Струга.
Со оваа програма 50 проценти од вкупниот капитал кој ќе биде вложен ќе биде вратен, но земјоделецот за почеток треба да започне со свој средства.
„Оваа програма на почеток бара да финансирате, да имате готови финансиски средства а после тоа да ги побарувате назад, односно да Ви се вратат 50 проценти од тоа што сте го инвестирале“, изјави Звонко Наумоски, консултант на Центарот на заедници на општина Струга.
ИПАРД програмата за заинтересираните земјоделци е отворена до 10-ти декември оваа година.
Јовачно Наумоски
