Попоски во Брисел на министерска средба за борба против „Исламска држава“

03.12.2014 11:20

Ќе учествуваат над 60 коалициони партнери кои ќе разговараат за резултатите од операциите против „Исламска држава“ и нивната координација во иднина...

Во Брисел треба да се одржи првата министерска средба за борба со радикалната терористичка група „Исламска држава“.

Ќе учествуваат над 60 коалициони партнери кои ќе разговараат за резултатите од операциите против „Исламска држава“ и нивната координација во иднина.

На состанокот ќе присуствува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Учесниците на средбата ќе разговараат за политичките механизми и за напорите како да ја ослабнат и да ја поразат „Исламска држава“.