Во Тетовско откриени четворица сириски мигранти
03.12.2014 11:53
Вчера попладне околу 15 часот полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.У. (55), во кое се пронајдени и четири сириски државјани...

На локалниот пат од село Слупчане кон село Ваксинце вчера попладне околу 15 часот полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.У. (55), во кое се пронајдени и четири сириски државјани на возраст од 24 до 38 години.
Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот, против И.У. ќе биде поденсена кривична пријава, а сириските државјани ќе бидат сместени во Прифатен центар Скопје.
