Под мраз: Вистинска зима во повеќе земји во светот
Во Прага, градскиот превоз со трамваи и тролејбуси е ограничен. Во места каде што превозните средства сообраќаат со помош на електрична енергија, заменети се со автобуси. Проблем е и обновувањето на локалните и меѓународните железнички линии...

Чешка се соочува со сериозни последици од замрзнатиот дожд, што предизвика застој во сообраќајот и достапноста на електрична енергија. Во Прага, градскиот превоз со трамваи и тролејбуси е ограничен. Во места каде што превозните средства сообраќаат со помош на електрична енергија, заменети се со автобуси. Проблем е и обновувањето на локалните и меѓународните железнички линии.
„Шините се непроодни. Рекоа да се движиме полека. Шест часа возевме 4 километри. Ужас“, вели еден патник.
Чешките транспортни служби не гарантираат дека денес ќе бидат обновени возните линии. Пради мразот паднати се дрвја на пругите.
„Времето не изгледа добро. Моравме да ги отстрануваме заглавените трамваи за да обезбедиме алтернативен транспорт“, изјави Адријана Крначова, градоначалник на Прага.
Во планинските делови и натаму нема електрична енергија. Предупредувањето за опасност од голомразица ќе трае до вечерните часови. Денеска метролозите најави слаб снег и дожд со температури околу нулата. Зимски услови и во некои делови на Австрија каде училиштата се затворени поради опасните патишта.
Во соседна Србија, во Мајданпек жителите трет ден се без струја, вода и греење, откако почна замрзнатиот дожд и ветер. До загрозените пристигна храна и вода. Мраз од 20-тина сантиметри ги искинал каблите на далеководот. Доколку денеска не биде поправена електричната мрежа можно е најзагрозеното население да биде евакуирано. За сега поправени се само телефонските линии.
„Еелктромрежа Србија донесе одлука да примени технички решенија кои до сега не беа во функција. Се наедеваме Мајданпек денес ќе добие електрична енергија“,изјави Небојша Петровиќ, извршен директор на Електромрежа Србија
На другиот крај на светот, силни дождови ја зафатија Калифорнија. Можно е да дојде до поплави и застој во сообраќајот.
Во некои делови почна евакуација поради страв од лизгање на земјиштето.
Маријана Димовска
