Финансиски проблеми на Светската програма за храна: Бегалците од Сирија можат да останат без топол оброк
Светската програма за храна при Обединетите Нации соопшти дека поради финансиски проблеми не се во состојба да обезбедат ваучери за храна за бегалците во Либан, Јордан, Турција и Ирак...

Повеќе гладни отколку сити, со слаба облека и лоши услови што ги имаат во шаторите во кои привремено живеат, повеќе од 1,7 милиони бегалци од Сирија се соочуваат со сериозна закана да останат без топол оброк и парче леб.
Светската програма за храна при Обединетите Нации соопшти дека поради финансиски проблеми не се во состојба да обезбедат ваучери за храна за бегалците во Либан, Јордан, Турција и Ирак.
Најтешка е состојбата во Либан. Федиа и Фатма и нивните семејства доаѓаат од Хомс, сега се сосетки, едната има пет, другата четири деца. Немаат ниту топла облека ниту чевли. Немаат основи услови за живеење.
„Овдека е многу ладно ние сме смрзнати, во шаторите врне од сите страни. Постојано одиме во кал. Сосетката ми даде пелена за моето бебе“.
Луѓето не се подготвени за зимата, а недостатокот од храна уште повеќе ќе ја влоши нестабилноста и тензијата во земјите во кои престојуваат.
„Досега преживувавме благодарение на ваучерите за храна, што ќе се случи со нас навистина незнам. Немаме ништо“.
Аналитичарите велат дека последиците ќе бидат катастрофални.
„Бегалците не се подготвени за зимата. Тие живеат во импровизирани населби како оваа. Горат се што ќе најдат за да можат да се стоплат“, изјави Ебир Етефа, потпарол на Светска програма за храна.
Досега биле донирани 800 милиони долри за помош на бегалците. Светската програма за храна треба да обезбеди 64 милиони долари за да обезбеди храна за декември.
Марија Петковска
