Фитофармација: Се подготвува нов закон за заштитни средства за растенијата
05.12.2014 10:32
Со него сите кои ги исполнуваат условите ќе можат да тргуваат со пестициди. Сега ова право го има само еден застапник на производителот...

Високата цена на препаратите ја прават малиот број на застапници или трговци кои ги снабдуваат земјоделците. Според нив, во соседните држави тие се поевтини. Со новиот закон се предлага сите економски оператори со лиценци да увезуваат и да продаваат заштитни средства.
Промет ќе може да врши само регистрирано правно лице со лиценца.
Целта на законот е да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, животните и природната средина.
Се очекува и подобрување на земјоделското производство, работењето на пазарите и зголемување на профитот.
Методија Трајков
