Вештачењето на МВР покажа- видеото за нелегално печатење патни исправи е лажно!

08.12.2014 15:14

Времето на снимањето на филмот е по изборите, а не пред тоа, како што тврдеше весникот...

Вештачењето на МВР за снимката на Фокус за наводното нелегално печатење патни исправи покажа дека видеото е лажно и монтирано. Времето на снимањето на филмот е по изборите, а не пред тоа, како што тврдеше весникот.

Измислен е и еден од матичните броеви во пасошите. Зоната на читање во документот треба да има најмногу 44 карактери односно букви, а креаторите на видеото претерале со 46.

Исто така и патна исправа се означува со сериски број од 8 цифри, а во видеото се гледаат и 9 карактери, потврдуваат од МВР за Македонската телевизија.