Инвестиции во водостопанството во Брегалничкиот регион

11.12.2014 11:30

Голем дел од инвестициите во водостопанството за следните 10 години се планирани за Брегалничкиот регион. Земјоделците и експертите одредуваат кои се приоритетните вложувања...

Во наредните 10 години реформите со инвестициите за рехабилитација на постојните  и изградба на нови системи за наводнување, во Брегалничкиот регион треба да се зголеми производството на ориз. Од сегашните 4,5 на 8 до 9 илјади хектари.

Во хидромелиотаривниот систем Брегалница, годинава ќе се вложат 19 милиони денари, а  во идната декада ќе бидат инвестирани скоро 80 милиони евра во 37 проекти.

Приоритет се поправката на сите постојните канали и изградба на најмалку 3 гумени брани кај селата Прибачево и Карбинци и кај Злетовска река.

 

Методија Трајков