Русија ги зацврстува економските врски со Индија
11.12.2014 12:04
Главна тема на посетата на рускиот претседател Путин на Њу Делхи е договорот вреден 3 милијарди долари за хеликоптерите што ќе и ги продаде Русија на Индија, новиот договор за нафта и гас, инфраструктурни проекти и зделката за продажба на дијаманти...

Русија и Индија ги зацврстуваат економските врски, преку изградба на 12 нови нуклеарни реактори до 2035. Првите два во нуклеарната централа Куданкулам ќе бидат завршени до 2016, потврди руската државна агенција за енергија Росатом.
Се работи за единствената нуклеарна централа во светот што ги исполнува стандардите за безбедност по нуклеарната катастрофа во Фукушима.
Главна тема на посетата на рускиот претседател Путин на Њу Делхи е договорот вреден 3 милијарди долари за хеликоптерите што ќе и ги продаде Русија на Индија, новиот договор за нафта и гас, инфраструктурни проекти и зделката за продажба на дијаманти.
Врските со Индија станаа приоритет за Кремљ откако санкциите предводени од САД ги попречија дипломатските и економските врски меѓу Русија и Западот, пишува „Раша Тудеј“.
Билатералната трговија меѓу двете членки на БРИКС во 2013 била само 10 милијарди долари, што е незначително во однос на 90 милјарди со Русија или 326 милијарди со Европската унија.
