Адеми: Широка јавна расправа- кога ќе биде готов конкретниот предлог за државен испит
Правото на протест е загарантирано и ние тоа го почитуваме – коментар на министерот Aдеми по протестите. Конкретниот предлог за државниот испит се уште не е искристализиран. Кога ќе биде готов – ќе оди на широка јавна расправа. Адеми потсетува дека ваков начин на проверка на знаењето на студентите од медицина веќе функционира четири децении...

Владата не се откажува од идејата за воведување на државен испит. Министерот за образование Адеми по вчерашните протести со став дека дебата со студентите ќе има откако ќе биде донесен конкретниот предлог за моделот на испитот. Потоа треба да следи и финалниот заклучок.
„Не се одржал никаков состанок околу државниот испит, зошто кажав дека сеуште не сме го презентирале јавно концептот. Во моментот кога ќе го презентираме, сите ќе бидат вклучени во дебатата, вклучувајќи ги и студентите“, изјави министерот за образование, Абрилаќим Адеми.
Според надлежните, државниот испит треба да го подигне квалитетот на високото образование. Испитот како концепт во македонското образование не е новина, постои 40 години и успешно се применува на Медицинскиот факултет. Оваа проверка на знаењето е неопходна за македонските доктори да се стекнат со лиценца.
Државниот испит се спроведува во Полска,Чешка, Унгарија и Словачка и дава позтивни резултати. Оваа реформа, според надлежните, треба да открие кои од универзитетите и факултетите им даваат диплома на студентите без тие да имаат какво било знаење и таквата пракса да се промени.
Викторија Тодоровска
