Мултифункционални игралишта и градинка пуштени во употреба во југоистокот од Македонија

11.12.2014 17:47

Спортувањето не треба да биде привилегија само во големите средини, затоа неколку помали места во Југоисточна Македонија добија мултифункционални игралишта. Освен тоа, во општина Василево беше отворена и градинка...

Камен темелник на мултуфункционално игралиште во Седларци, пуштени во употреба две во Анѓелци и Радовиш и отворање на градинка во Василево. Вака изгледаше инфраструктурната агенда во Југоистокот од Македонија. Игралиштата се финансирани од Владата и Агенцијата за млади и спорт, а чинат 7 милиони денари.

„Спортувањето не треба да биде привилегија само на големите средини, туку и на малите. Затоа инвестираме во отворање мултифункционални игралишта во руралните средини, вели Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Градинката во Василево ги отвори вратите за 70 деца кои ќе престојуваат во неа. Со неа се заокружуваат проекти и се подобруваат условите за живот и во помалите општини.

„Тоа ќе помогне да се подобри животот на младите родители, да може да ги сместат тука децата, да се одвива едукативно- воспитен процес. Задоволство ми е што со ИПА средства и со пддршка од општината и Владата се заокружи овој процес, и на тој начин решивме едно крупно прашање за жителите од општина Василево“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

„Градинката ја опреми Министерството за труд и социјална политика, издвоивме средства во износ од 3,5 милиони денари, кои се насочија за реализација на овој проект“, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Ова е деветта градинка што почна да работи низ руралните општини во Македонија. Неодамна беше пуштена во употреба и градинката во Дојран.

 

 

Катерина Давчева