Седум децении од Првата конференција на АФЖ

12.12.2014 08:47

Пред седум децении, во виорот на народно ослободителната и антифашистичка војна, жените во Македонија прв пат станаа полноправни граѓани...

Во организација на Секцијата на жени борци и Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, денеска ќе се одбележат 70 години од одржувањето на Првата главна конференција на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Македонија.
 
Пред седум децении, во виорот на народно ослободителната и антифашистичка војна, жените во Македонија прв пат станаа полноправни граѓани, со право да бираат и да бидат бирани, рамноправно да учествуваат во општествено - политичкиот живот, да бидат на места каде се одлучува за битни прашања. Ова достигнување на жените на Македонија има револуционерен карактер.
 
На одржувањето на Првата главна конференција на АФЖ на Македонија, му претходеше првото заседание на АСНОМ, на кое се прогласи новата држава на Балканот – Република Македонија. Особено значајно за жените е што на ова државотворното заседание на АСНОМ беше усвоена и Декларацијата за основните граѓански права, со која, покрај другото, се гарантираше родовата еднаквост во земјата.