Месото во трговијата мора да биде набавено од регистрирани кланици

12.12.2014 11:24

На фармерите им е дозволено домашното колење, но само за сопствени потреби...

Од 500 до 5.000 евра се казните за колење добитокот во домашни услови без претходен преглед од овластен ветеринар. Фармерите мораат да го пријават колењето и да го користат исклучиво за сопствена потреба.

Лани во домашни услови биле заклани 21.000 глави добиток и тоа најмногу свињи,а во кланиците скоро 10 илјади говеда.

Во трговијата месото мора да биде од добиток заклан во кланици со декларација.

Сите животни што доаѓаат во кланицата имаат уверение од ветеринар, дека се прегледани и здрави.

Инспекциите се постојано на терен и веќе има намалување на така нареченото диво колење.

 

Методија Трајков