Кривична пријава и притвор за оџата од Велес- криумчарел илегални мигранти
12.12.2014 12:06
Оџата Несим Демири ги превезувал преку Македонија до Србија. Ова е вторпат муслиманските верници во Велес да останат без оџата Демири...

Оџата на „Црната џамија“ во Велес заработи кривична пријава и притвор поради основано сомневање дека криумчарел илегални мигранти. Полицијата во неговото возило „Мерцедес“ открила четворица сириски државјани.
Оџата Несим Демири ги превезувал преку Македонија до Србија. Ова е вторпат муслиманските верници во Велес да останат без оџата Демири.
Тој пред две години избега во Германија, а верници од џамијата велеа дека со себе однел и пари собрани во верскиот објект.
По враќањето од Германија, повторно беше именуван за оџа во единствената џамија во Велес.
