Енергетската мрежа стабилна, нема опасност од рестрикции

12.12.2014 18:14

Врнежите овозможија зголемен доток на вода во акумулациите. Намалувањето на дневната температура сепак ја зголемува потрошувачката на струја. Надлежните велат мрежата е стабилна, нема опасност од рестрикции...

Ветерот и реките му помагаат на енергетскиот биланс. Брзите ветрови го радвижија  паркот крај Богданци, а турбините работеа со максимален капацитет. Само за три дена  наместо планираните 666, ветерниците ипорачале три пати повеќе електрична енергија. Почетокот на декември е потопол отколку лани, а потрошувачката е намалена за петина. Наместо термоцентралите, фокусот е ставен на ветерниците и хидроцентралите.

Врнежите и поволната хидрологија овозможија зголемен дотек на вода во акумулациите. Само во среда хидроцентралите испорачале за 37% струја повеќе од планот во енергетскиот биланс.

Намалувањето на дневната температура завчера предизвика зголемување на  потрошувачката на струја во земјава за 7% во однос на понеделникот. Но, сепак,   почетокот на декември е во знакот на намалена потрошувачка во однос на лани, велат од ЕВН.  

„Потрошувачката за првите 12 дена од овој месец во однос на 12 дена од декември лани е намалена за 20%, кога зборуваме за Република Македонија. Да ги кажеме и бројките 192 илјади мегаватчасови се потрошени во земјава оваа година, а минатата  година околу 238 илјади мегавт часа. И на ниво на Скопје е намалена  потрошувачката за некои 16 до 17 проценти“, вели Атанас Ковачевски, портпарол на „ЕВН-Македонија“.

Паѓањето на температурата ќе предизвика зголемена потрошувачка, велат од ЕВН и затоа годинава мрежата била модернизирана, во што се инвестирани 20 милиони евра. Засега 70% од струјата испорачуваат  термо централите, а 30 хидро централите. Вода има доволно, акумулациите се исполнети до половина, што значи дека има простор и за прием на нови дотеци во зимските месеци.

 

Свето Николовски