Јолевски: НАТО не побарал разместување ракетни штитови во Македонија
13.12.2014 10:28
До сега нема никакви барања од страна на НАТО Алијансата за разместување на инсталации на ракетни штитови на територијата на Република Македонија, вели министерот Јолевски во интервју за Македонското Радио- Радио Скопје...

Република Македонија својата иднина ја гледа како членка на НАТО и ЕУ. До сега нема никакви барања од Алијансата за разместување инсталации на ракетни штитови на територијата на Република Македонија, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.
До сега нема никакви барања од страна на НАТО Алијансата за разместување на инсталации на ракетни штитови на територијата на Република Македонија. Битно е тука да се истакне дека Република Македонија својата иднина ја гледа како членка на евро-атлантските интеграции односно структури, како членка на НАТО и Европската унија. Ние продолжуваме со напорите и со презентација на достигнатото, на реформите со цел што поскоро да станеме членки на овие институции, рече Јолевски во интервју за Македонското Радио Радио Скопје во контекст на украинската криза, на прашањето дали има најави или разговори на НАТО со властите од Македонија за вклучување на земјава и нејзините ресурси за разместување ракетни воздушни системи.
Тој посочи дека како суверена држава паралелно развиваме соработка и со другите земји каде што постои заемен интерес за билатерална соработка. Не само со Руската Федерација и Украина, туку и со Полска, Народна Република Кина и се разбира со спектрум на други земји.
