Новиот предлог грб- историски и хералдички оправдан

13.12.2014 17:09

Новиот предлог грб со црвен лав на златна заднина е историски и хералдички оправдан. Ова е ставот на историчарите – експерти и професори кои јавно дебатираат за понуденото идејно решение. Оценија- лавот има историска оправданост, тезите за идентичност со буграскиот државен симол се неосновани...

Нов грб е потребен и тој требаше да биде направен уште во периодот на осамостојувањето-  согласни сите учесници на дебатата што ја организираше Институтот на национална историја, во којашто учествуваа и профеори од катедрата за историја на Филозофскиот факултет како и од Хералдичкото здружание. Лавот како дел од новиот предлог за државниот грб, според дискутантите има историска оправданост.

„Земскиот грб со претстава на лав на Македонија мислам дека историски основа и документарно потврдена“, смета професорот Милан Бошковски, од Институтот за национална историја.

Тезите за влечење паралели на идентичност меѓу понудениот дизајн со бугарскиот државен грб или со партиите со предзнак ВМРО, беа отфрлени како апсолутно неосновани.

„Овој лав не е крунисан, значи на грбот на ВМРО и партиите кои произлегоа од таму е крунисан. На грбот, лавот има единечна опашка, а на оној на партиите двојна. Имаме три сериозни забелешки како се разликуваат грбовите“, вели претседателот на Здружението на хералдичари, Јован Јоновски.

„Можеме да го сретнеме во неколку варијанти, жолт лав на црвена основа, но исто така и како црвен лав на жолта основа, но никогаш никаде не е заменет со бугарскиот“, додава професорот Ванчо Георгиев, Институт за историја при филозофскиот факултет.

„Македонскиот грб е грб на Македонија, ама ние тука сме само еден дел од Македонија, значи симболот како бугарите сакаат да земат нешто туѓо, ние нашето мора да си го браниме и тоа да биде и преку грбот“, смета историчарот Стефан Влахов.

Композицијата на грбот е исклучително важна бидејќи таа го прави уникатен, затоа според историчарот Петровски мора компететни луѓе да го имаат последниот збор, пред уметноста да  го понуди последното решение.

„Викнете ги од светот кои сакате ликовни уметници, и број еден да е- тој нема да ви направи грб, ако не ги знаете хералдичките начела, правила и принципи. Тој ликовен предлог мора да биде во согласност со хералдичките правила и норми“, вели Бобан Петровски, од Институтот за историја при Филозофскиот факултет.

Дека е време Македонија да добие нов државен грб согласен и историчарот Марјан Димитриевски, но реагираше зошто претходно не се дебатирало во Институот за да излезат со заеднички став, туку како што рече ад-хок и парцијално биле информирани за јавната расправа.

Отткако владата излезе со прелогот за новиот државен грб ова е втора јавна расправа за  понуденото идејно решение.

 

Виолета Димовска