Да се прошета и заработи: Околу 10 илјади млади на привремена работа во странство
Да се прошета светот, а во исто време и да се заработи. Голем број млади заминуваат на привремена работа во странство, сепак, според агенциите кои посредуваат, само 7 до 10 проценти не се враќаат по истекот на договорот...

Пасошот в џеб, ситен џепарлак и голема желба за пат околу светот. Ова не е извадок од романот на Марк Твен туку се почеста приказна за младите од Македонија со амбција за поголема заработка. Во моментов околу 10 илјади се на привремена работа во странство.
„Ако зборуваме за оние кои работат во авиокомпаниите заработуваат извонредно, заработката е од две до три илјади долари месечно, со тоа што како поминува времето, со месеците на стаж добиваат можмност за унапредување и можат да стигнат до плати до четири илјади долари“, вели Зоран Кочоски, сопственик на агенција за посредување во странство.
Со најнов лаптоп, мобилен телефон, тренди гардероба, најчесто се враќаат дома. Мал дел од животот го продолжуваат далеку од најблиските. Оние што доаѓаат носат големи импресии и животни искуства.
Само седум до десет проценти од младите кои заминуваат на привремена работа во странствтво остануваат засекогаш таму, останатите се враќаат дома- тврдат посредничките агенции. Најчесто, велат, од лични причини или страв да се биде далеку од најблиските.
Андријана Атанасовска
