Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

13.12.2014 16:33

Селмани освои 154 гласа, додека неговиот противкандидат Семи Мехмети само 21 глас...

Актуелниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани доби уште еден мандат во наредните четири години да го раководи  новинарското здружение.

Селмани освои 154 гласа, додека неговиот противкандидат Семи Мехмети само 21 глас. На денешниот состанок се гласаше за претседател и за и членови на управниот одбор, на надзорниот одбор и за членови на Совет на честа.

На редовното Изборно собрание, беше усвоена и „Декларација за Томислав Кежаровски“, со која се бара негово ослободување од вина.