По повод 65 години од основањето, ЦД и ДВД од „Танец“

15.12.2014 09:29

ЦД-то содржи 25 вокално инструментални композиции во изведба на солисти, вокални групи и оркестарот на „Танец“...

Националната установа „Танец“ денеска ќе го промовира првото комерцијално издание на ЦД и ДВД на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. 
 
Проектот се реализира во соработка со Југотон Рекордс по повод 65 години од основањето „Танец“.
 
ЦД-то содржи 25 вокално инструментални композиции во изведба на солисти, вокални групи и оркестарот на „Танец“. ДВД-то, пак, содржи програма од 120 минути и е компилација од 12 кореографии.