Ракомет, СЕХА Лига

Вардар со триумф во Сеха ја потцрта 2014

18.12.2014 13:08

Актуелниот и двократен шампион во регионалната конкуренција ја имаше контролата врз резултатот во текот на сите 60 минути од натпреварот...

Вардар ја оправда фаворитската ролја и славеше на гостувањето кај Нексе со 30-27 во последниот натпревар оваа година.

Во Осјек црвено-црните ја остварија 10-та победа во 12-от настап во Сеха лигата. Актуелниот и двократен шампион во регионалната конкуренција ја имаше контролата врз резултатот во текот на сите 60 минути од натпреварот.

Во деветата минута поведе со 6-3, ја сочува истата дистанца до крајот на првиот дел што заврши 15-12, а во продолжението го откажа противникот од изненадување. Серијата од 5-2 во периодот од 37-42 минута за максимално водство од 23-17 означи крај на надежите на домашниот состав.

Во отсуство на Ангелов, Стоилов, Штербик, Душебаев и Дибиров, одличен беше Марковиќ кој постигна 11 гола. Терзиќ повторно беше на потребното ниво и додаде 5 гола, додека на голот со 13 одбрани се истакна Милиќ. Вардар е сега второпласиран на табелата со три бода помалку од лидерот Веспрем кој денеска игра со Војводина.