Шпанската принцеза Кристина ќе одговара за перење пари пред Високиот суд во Мадрид
22.12.2014 14:05
Доколку се потврди сомневањето, Кристина може да се соочи со четиригодишна казна...

Шпанската принцеза Кристина ќе мора да одговара пред Високиот суд во Мадрид. Обвинета е за соучество во прикривање данок и перење пари.
Нејзиниот сопруг веќе е обвинет за ова дело. Доколку се потврди сомневањето, Кристина може да се соочи со четиригодишна казна.
Ова е прв случај некој од кралското семејство да седне на обвинителна клупа.
