Француските власти внимателни околу нападот во Дижон
Два напади за само 48 часа во Франција. Во првиот во Тур беа повредени тројца полицајци, додека во вториот единаесет минувачи. Во двата напади напаѓачите извикале „Алах е голем“...

Француските власти се внимателни околу квалификаците на настанот во Дижон. Ако нападот со нож во полицискиот комесаријат во Тур во саботата попладнето, каде беа повредени тројца полицајци и напаѓачот беше убиен е квалификуван како терористички акт, за тој во Дижон истрагата се движи кон акт на растроено лице.
Напаѓачот е четириесетгодишен човек, француски джавјанин со потекло од земјите од Магреб. За него се знае дека нема полициско и судско досие и дека бил лекуван во психијатриска болница. Откако тој намерно, во центарот на Дижон, околу 20 часот со својот автомобил Рено Клио, покоси единаесет лица од кои две се потешко повредени, додека другите девет полесно. Сцената на ужасот траела скоро половина час. Полицијата го упаси напаѓачот по бркањето низ улиците во Дижон.
Засега мотивите за неговото дело не се многу јасни, тоа напаравило алузија на исламската војна, споменувајќи ја судбината на децата од Палестина. Но, неговиот говор е растроен. Некои од сведоците на нападот изјавиле дека извикувал „Алах е голем“, додека некои други дека не бил сам во автомобилот.
За само 48 часа, ова е втор напад во Франција. Во првиот во Тур, каде напаѓачотдиректно ја нападна полицијата, постојат сомневања дека напаѓачот имал терористички побуди инспириран од Даеш.
Ова не е прв изолиран терористички акт во Франција инспириран од исламистичката идеологија, најпрво тој на Мохамед Мерах во Тулуз и Монтобан кога уби осум лица, од кои три деца и повреди шест и последниот е Мехди Немуш убиецот од еврејскиот музеј во Брисел.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев е во Дижон и наскоро се очекуваат повеќе детали за истрагата.
Тони Гламчевски, дописник на МРТ од Франција
