Пакистан ќе погуби 500 осуденици за тероризам

22.12.2014 15:53

Исламабад ја врати смртната казна само за случаи на тероризам по масакрот во военото училиште во Пешавар, кога талибанците убија 149 луѓе, повеќето деца...

Пакистан во наредните недели планира да погуби 500 осуденици за тероризам.

Исламабад ја врати смртната казна само за случаи на тероризам по масакрот во военото училиште во Пешавар, кога талибанците убија 149 луѓе, повеќето деца.

Пред егзекуциите, во затворите е прогласен црвен аларм, а полицијата, војската и паравојската се распоредија на аеродромите и други стратешки локации во земјата.