Брисел пулсира во духот на Божиќните празници
Улиците се преполни, попусти има и до 70%. Белгиското чоколадо е најпродавано...

Брисел дише во духот на Божиќните и новогодишните празници. Божиќната потрошувачка треска се чуствува на секој чекор. Улиците се преполни, а вртоглавите попусти и до 70%, традиционални за овој период ги предизвикаа Бриселчани буквално да ги нападнат продавниците со познатите брендови. Ние ги прашавме што купуваат за Божиќен подарок и со што оваа година ќе ги изненадат своите најсакани.
„Им го купуваме тоа што најчесто го сакаат. Музика, некое парче облека, уметничко дело и слично. Не е важно што ќе добијам за подарок. Најдобар Божиќ е да бидам со нив.“
„За моето семесјтво купив чоколадо. Белгиското чоколадо е преубаво.“
„На моите најблиски најчесто им купувам облека и чоколади, а најчесто добиваме вино, шампањ, книги.“
„Им купив чоколадо“, велат дел од граѓаните кои случајно ги анкетиравме.
Очигледно е дека на далеку познатото Белгиско чоколадо е составен де од божиќниот декор. Излеано во најфантастични форми и незаборовни вкусови, тоа е дел од традиционалните Белгиски подароци за вакви пригоди. Но, во што е тајната на белгиското чоколадо?
„Тука во Белгија се обидуваме да останеме верни на традицијата и затоа е навистина добро. Ние го селектираме и одбираме најдоброто какао во светот“, вели Софи Дебруин, менаџер во „Ко те дор“.
Божиќниот амбиент и расположение е увертира на дочекот на најлудата ноќ во годината чија што прослава се одржува токму тука, на еден од најубавите полоштади во светот -Гранд Плаца.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
