Во прекин сообраќајот на патниот правец Кичево- Охрид

29.12.2014 09:13

Поради големи остатоци од снег забрана за тешки товарни возила има на патнитe правци: Тетово - Попова Шапка, Маврово - Дебар - Струга, Струга - г.п. Ќафасан, Крива планака – г.п. Деве Баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите. Во прекин за сите возила е сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, а на патните правци Скопје-Велес и Велес-Катланово е отежнат и забавен во долга колона.
 
Поради големи остатоци од снег забрана за тешки товарни возила има на патнитe правци: Тетово - Попова Шапка, Маврово - Дебар - Струга, Струга - г.п. Ќафасан, Крива планака – г.п. Деве Баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато.
 
Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.