Досега спасени 251 лице од запалениот грчки ферибот

29.12.2014 09:31

Досега е потврдено дека едно лице е загинато, а две други се повредени, по пожарот што избувна на бродот во делот каде се наоѓале возилата...

Од запалениот грчки ферибот „Норман Атлантик“ до утрово се спасени 251 патник и членови на екипажот, јавија италијанските медиуми.
 
Досега е потврдено дека едно лице е загинато, а две други се повредени, по пожарот што избувна на бродот во делот каде се наоѓале возилата.
 
Во спасувањето учествуваат екипи од Грција и Италија, а подоцна во операцијата се вклучени и тимови и од Албанија.