На улиците во Скопје фрлени 120 тони сол
31.12.2014 10:28
Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се проодни, се наведува во соопштението...
Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје фрелни се 120 тони сол, соопштија од Градот.
Екипите на зимската служба и изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се проодни, се наведува во соопштението.
Од Градот потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Препорачуваат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Од Градот апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.
