Туристите од католичките земји најбројни за време на празниците

04.01.2015 15:42

Во бизнис секторот поради католичкиот и православниот Божиќ се појавува вакуум. За Македонците е предност доколку патуваат во странство аранжманите ги добиваат по пониски цени, со оглед дека таму празнувањето завршило...

Иако католичкиот и православниот Божиќ се слават во различни датуми едниот пред Новата година, другиот после Новата година сепак што се однесува до туристите кои ја посетуваат нашата земја, тоа и не влијае многу на бројот на ноќевања и прославата.
 
„Традиционално за католичкиот божиќ доаѓаат гости од Грција, нашите гости за божиќ се традиционално во помал број бидејќи кај нас е "За Божиќ каде и да си, дома да си", значи за нашиот Божиќ многу помалку гости но сепак нема никаков судир, си продолжува тенденцијата на се повеќе гости, така да очекуваме и оваа година поголем број на гости“, вели хотел менаџерот на Дрим, Ана Јанчева Дудановска.
 
Туристите од католичките земји се најбројните туристи за време на Новогодишните празници.
 
Разликата помеѓу католичкиот и православниот Божиќ можеби прави проблеми во бизнис секторот но кога станува збор за прославување на истиот, македонците тоа го прават во домашна атмосфера, како што велат тие, кај и да си за Божиќ дома да си.
 
Единствена корист од Божиќното славење имаат нашите туристи кои сакаат овие празници да ги поминат во некои од европските метрополи со оглед на тоа дека таму веќе завршило празнувањето.
 
„Кога кај нив завршува божиќното а после тоа и новогодишното славење, за нас практично почнува, значи ние прво ја прославуваме новата година па божиќните празници и тој вакум ни овозможува да добиеме пониска цена, значи кај нив завршува празнувањето на тие празници кај нас практично почнува“, вели Бети Попоска, туристички работник.
 
Единствено бизнис секторот, трговијата со увоз-извоз имаат проблем, односно вакуум период помеѓу католичкиот и православниот Божиќ кој трае од 25 Декември па се до 7 Јануари.
 
Јованчо Наумоски