Државната кардиохирургија со полни раце работа

04.01.2015 17:31

Оваа работа не може да ја работи секој, мора постојана обука и тренинг и доусовршување низ целиот живот – вели Кедев. Според него, тоа е клучно пациентите да знаат дека се во сигурни раце...

6.000 зафати, 3.000 операции - Сашко Кедев со тимoт од Државната кардиохирургија спасуваат човечки животи. Круна на работата во 2014 – та,  интервенција на срце без отворање на градниот кош.

Оваа работа не може да ја работи секој, мора постојана обука и тренинг и доусовршување низ целиот живот – вели Кедев. Според него, тоа е клучно пациентите да знаат дека се во сигурни раце.

Тимот со кој работи Кедев се интервенти кардиолози кои го претставуваат врвот од европските стандарди. Учествувале во 10 научни истражувачки проекти. Значајните достигнувања и нашите резултати успеавме да ги прикажеме во медицинските журнали со импакт фактор, вели Кедев.

Агендата на Кедев и за 2015- та е полна. Вели, приоритет ќе биде да се финализираат дел од најавените проекти. Препорачува физичка активност и здрава исхрана за здраво срце и долг живот.

 

Викторија Тодоровска